Останато

Македонските тенисери до 14 години со настап во Анталија, турнирот прекинат од безбедносни причини

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младите македонски тенисери до 14 години изминатиот период настапија на развојните шампионати во Анталија, Турција. По одигрувањето на првиот турнир, вториот беше прекинат само еден ден по неговото започнување поради безбедносни причини и случувањата во Блискиот Исток. Освен овој турнир, беа прекинати и сите натпреварувања кои во тој период се одржуваа во организација на ИТФ, како во сениорска, така и во јуниорска конкуренција.

На првиот турнир забележителен настап имаше Андреј Темов, кој стигна до полуфинале и во сингл и во конкуренција на двојки. Победник на турнирот беше Арас Јалчинкаја од Турција, кој токму во дуелот со Темов најтешко дојде до триумф.

Покрај Темов, на шампионатот настапија и Василиј Закоски кај момчињата, како и Деа Крстевска и Ведрана Таневска кај девојчињата. Тие беа дел од групата од 40 млади тенисери и тенисерки од вкупно 10 држави. Покрај натпреварите, учесниците имаа можност и за дружење и размена на искуства.

За време на престојот во Анталија, тренерите работеа во повеќе групи со различни натпреварувачи, при што младите тенисери имаа можност да научат повеќе за тениската игра, како и за подготовките потребни за настап на турнир. Дел од учесниците имаа можност да се запознаат и со украинската тенисерка Катарина Заватска, која во истиот период настапуваше на ВТА 125 турнирот во Анталија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и со убедливи 6-0 го совладаа тимот на Шкупи, продолжувајќи ја победничката...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!