Ракомет

Томовски повторно блеска на голот – 15 одбрани за нов триумф на Битигхајм

Сподели
Сподели

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски, продолжува да блеска во втората германската  Бундеслига и повторно беше меѓу клучните играчи во новата победа на својот тим Битигхајм.

Лидерот на табелата славеше на гостувањето кај Лудвигсхафен со убедливи 24-31, а македонскиот чувар на мрежата одигра уште една импресивна партија.

Томовски натпреварот го заврши со дури 15 успешни интервенции, при што неколку од нив дојдоа во моменти кога домашниот состав се обидуваше резултатски да се врати во игра. Со своите одбрани, македонскиот голман повторно ја оттурна опасноста и му даде дополнителна сигурност на својот тим.

ФОТО: РФМ

Битигхајм уште од почетокот го наметна темпото и постепено ја градеше предноста, а одбраните на Томовски беа клучни за гостите да ја задржат контролата врз натпреварот.

Со новите бодови германскиот тим ја продолжи победничката серија и дополнително ја зацврсти лидерската позиција во шампионатот, а македонскиот репрезентативец уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма оваа сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Поврзани написи
Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

Ракомет

Битола вечерва ќе гори – Вардар доаѓа како лидер, шампионот Еурофарм Пелистер без право на грешка!

Македонската ракометна јавност вечерва ќе биде насочена кон Битола, каде што Еурофарм...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!