Прва лигаФудбал

Шкендија со реакција: Скандалозните одлуки на судиите, кои повторливо го фаворизираат Вардар

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Актуелниот шампион Шкендија денес ремизираше со Брера Струмица на домашен терен (1:1) откако прими гол во самиот финиш, во рамки на 22. коло на Прва лига.

Клубот од Тетово преку соопштение реагира на скандалозни одлуки на судиите.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА КЛУБОТ:

„Долго време избравме да молчиме, верувајќи дека надлежните институции ќе размислат и ќе преземат мерки за да обезбедат правда во првенството. За жал, она што се случи денеска на двата натпревари од 22. коло во ПМФЛ (Шкендија – Брера и Силекс – Вардар) е последната граница. Скандалозните одлуки на судиите, кои повторливо го фаворизираат ФК Вардар, сериозно го нарушуваат интегритетот на натпреварувањето и создаваат опасна перцепција за начинот на кој од страна на Фудбалската федерација на Македонија се администрира она што треба да се нарекува „елитно првенство“. ФК Шкендија досега молчеше со надеж дека ќе има размислување и реакција. Но денес е јасно дека нашето молчење било протолкувано како слабост. Поради повторувачките настани, принудени сме да го кренеме нашиот глас и да направиме една работа многу јасна! Инвестициите во ФК Шкендија не се пари од општината, ниту од државата. Тие се приватни инвестиции, наш труд и жртва за да изградиме сериозен клуб кој, покрај градот, достоинствено ја претставува и државата во меѓународните натпреварувања. Токму таму, со нашите инвестиции и успеси на теренот, каде што ни беше дозволено да играме слободно и со еднакви услови со другите, освен на клубот, донесовме многу бенефити и за домашната лига, за клубовите и за државата. Доколку ваквиот нееднаков пристап кон натпреварувањето продолжи, со скандалозни судиски одлуки, ќе бидеме принудени сериозно да го доведеме во прашање продолжувањето на нашите инвестиции во оваа средина. Истовремено, за сите настани, текот и развојот на нашето првенство ќе ги информираме меѓународните институции, вклучително и УЕФА. Фудбалот треба да се решава на терен, а не на маса. Шкендија не бара ништо повеќе од тоа“, се вели во соопштението на Шкендија.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Реми на Ударник и Победа Валандово пред повеќе од 1000 гледачи во Пирава, Овче Поле до цел „плен“

Без победник заврши големото дерби на Југот во рамки на 13. коло од Трета лига – Исток, откако Ударник и лидерот Победа Валандово...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица во гости, во меч од 18. коло на Првата женска фудбалска...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица...

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!