На Отвореното првенство на Србија, македонските пливачи остварија одлични резултати и поставија нови национални рекорди.
Пливачот на ПК Вардар 2018, Влатко Цеков, исплива извонредна трка и постави нов национален рекорд во дисциплината 200 метри слободен стил во категоријата постари пионери. Цеков делницата ја исплива со време од 2:01.76 минути, со што го подобри досегашниот рекорд од 2:01.87, кој беше во сопственост на Никола Ѓуретановиќ.
На истото првенство блесна и младиот Никола Велковски од истиот клуб ПК Вардар 2018, кој исплива трка за историја и го освои првото место во својата категорија на 100 метри слободен стил со одлично време од 53.06 секунди. Со овој фантастичен резултат, Велковски успеа да го собори кадетскиот национален рекорд кој досега го држеше Александар Маленко со време од 53.42 секунди.
Со овие резултати, младите македонски пливачи уште еднаш го потврдија својот квалитет и потенцијал, остварувајќи значајни успеси на меѓународната сцена.