Трета лигаФудбал

Лидерот Еуромилк ГЛ со пресврт до победа, Аеродром убедлив против Отља, минималец за Ржаничино

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Денес беше комплетирано 14. коло во Трета лига – Север, кое беше отворено вчера со мечот меѓу БВК Коњаре и Фортуна, а на кој беше подобар домаќинот, извештајот на Спортска Мрежа од тој меч е достапен овде.

Лидерот Еуромилк ГЛ со победа го отвори пролетниот дел откако со 2:1 славеше над Студеничани и тоа преку пресврт. Гостинската екипа се покажа доста цврста и рано поведе преку Адис Зекири уште во 9. минута од средбата во Горно Лисиче.

Во судиското надополнување на првиот дел Кирил Ристовски погоди за 1:1. Стартот од вториот дел донесе брз гол за домаќинот кој направи пресврт и имаше водство од 2:1 со голот на искусниот голгетер Орхан Мифтар кој погоди во 52. минута, а воедно тоа беше конечниот исход од средбата.

Беса од Сарај со победа од 3:1 над Куманово го отвори пролетниот дел, дебитантот во Трета лига – Север до овој триумф дојде преку двојниот стрелец Буајб Алити, како и голот на Амар Мустафа. Во финишот од средбата односно во 85. минута Марко Даовски постигна гол за ублажување на поразот на Куманово од 3:1.



Беса од Слупчане на теренот во Сингелиќ славеше со 4:2 над Пчиња. На полувреме резултатот беше 2:1 во полна на домашниот тим, кој во вториот дел ја потврди победата. Ридван Исмаиљи погоди двапати, а по еднаш стрелаа Мерван Фетаи и Шуајб Бајрами, за гостинската екипа во првиот дел гол постигна Далибор Тодоровски, а во 80. минута за ублажување на поразот погоди новото засилување Божидар Митревски.

Со голот на Стефан Ѓорѓиев во 73. минута екипата на Ржаничино славеше минимална домашна победа над некогашниот второлигаш Кадино.

Аеродром со „петарда“ го декласираше тимот на Отља во рамки на првата пролетна рунда откако беа постигна пет погодоци (5:0). Андреј Алексовски и Христијан Коцев погодија за 2:0 на полувреме, а во вториот дел Иван Блажевски и Михаил Јорданоски погодија за предност од четири погодоци. Во 67. минута од средбата во Ново Лисиче Сеид Саљији си постигна автогол за конечни 5:0.



Само еден меч заврши без победник за поделба на бодовите, откако Лопати и Башкими Љуботен одиграа 2:2. Во првиот дел мрежите беа чисти, а на стартот од вториот дел Елмедин Арифи погоди за 0:1. Домаќинот преку двата гола на Азиз Амети успеа да направи комплетен пресврт за водство од 2:1 во 71. минута. Сепак, по пет минути игра Нусрет Курти постигна гол за конечни 2:2 и делба на бодовите.

На врвот од табелата е Еуромилк ГЛ со 40 бодови, втор е тимот на БВК Коњаре со 35 бодови, а пак Аеродром е трет со 33 бодови. На дното тешка битка за опстанок ќе водат Кадино и Отља кои имаат по пет бодови и Лопати кој е на 12. место со девет бодови.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Реми на Ударник и Победа Валандово пред повеќе од 1000 гледачи во Пирава, Овче Поле до цел „плен“

Без победник заврши големото дерби на Југот во рамки на 13. коло од Трета лига – Исток, откако Ударник и лидерот Победа Валандово...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица во гости, во меч од 18. коло на Првата женска фудбалска...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Рутинска висока победа за фудбалерките на Истатов над Речица

Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица...

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!