Втора лигаФудбал

Глигоров има идеална шанса да стане осамен лидер на листата на стрелци

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид
Сподели

Борбата за најдобар стрелец во Втората македонска фудбалска лига станува се поинтересна како што сезоната влегува во завршната фаза.

Во моментов на врвот на листата се наоѓаат Иван Глигоров од Охрид и Виктор Ангелов од Скопје, кои имаат по 13 постигнати погодоци во сезоната 2025/2026.

Напаѓачот на Охрид денес има одлична можност да се одлепи на врвот. „Рибарите“ на домашен терен ја пречекуваат Победа, во натпревар во кој охриѓани важат за апсолутни фаворити.

Токму ваквите натпревари се добра прилика за искусниот голгетер да ја зголеми својата голгетерска сметка и да стане осамен лидер на листата на стрелци во второлигашкото друштво.



Останува да се види дали стручниот штаб на Охрид ќе му даде целосна минутажа на Глигоров или ќе одлучи да го поштеди во финишот од натпреварот, со оглед на тоа што тимот го очекуваат и потешки предизвици во борбата за пласман во Првата лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!