Трета лигаФудбал

ФОТО: Семинар за судии и контролори од Трета лига – Исток одржан во Кочани

Сподели
Сподели

Во Кочани денеска се одржа редовен семинар за судиите и контролорите од Третата македонска фудбалска лига – Исток, со цел дополнително унапредување на нивната подготвеност и запознавање со најновите измени во фудбалските правила.

Активностите започнаа на Градскиот стадион во Кочани, каде што судиите ги полагаа физичките норми (фитнес тест). Сите присутни судии успешно ги исполнија зададените стандарди и ја потврдија својата физичка подготвеност за продолжението на натпреварувачката сезона.

По завршувањето на тестирањето, беше одржан и едукативен дел, на кој судиите и контролорите имаа предавање поврзано со најновите измени и толкувања на фудбалските правила. Предавач беше Дејан Јакимовски, член на Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија и ВАР менаџер.



Со ваквите активности уште еднаш се потврдува заложбата на Фудбалската федерација на Македонија за континуирана едукација и професионален развој на судискиот кадар, што е од особено значење за подобрување на квалитетот на натпреварите во домашните лиги.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!