Во периодот од 11 до 17 март, македонските кошаркарки ќе одиграат три натпревари против селекциите на Данска, Грција и Хрватска, во рамките на вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Евробаскетот 2027.
Селекторот Александар Ашаданов објави поширок список на кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари. Подготовките ќе се одржуваат во Скопје, со првиот собир закажан на 7 март во салата „Градски парк“ со почеток во 18:30 часот.
Распоред на натпревари:
-
11.03.2026: Данска – Македонија
-
14.03.2026: Грција – Македонија
-
17.03.2026: Македонија – Хрватска
Повикани кошаркарки:
-
Илина Селцова – Серко Уни Ѓер, Унгарија
-
Мерит Хемпе – Сарагоса, Шпанија
-
Александра Стојановска – Неа Јониа, Грција
-
Матеа Николиќ – Баскет Алкамо, Италија
-
Тијана Митрева – Баскет Алкамо, Италија
-
Ања Начевска – Мега, Србија
-
Ивана Кметовска, Цветанка Димова, Катерина Поп Димитровска, Сања Адамовска – Баскет Кам
-
Марија Николов, Јована Петрушевска, Ива Чолакоска – Бадел 1862
-
Елена Тасевска, Милица Николиќ, Теа Трајковска, Јана Пислевска – Вардар
-
Михаела Алексовска – Крива Паланка
-
Дора Алексова – МЗТ Бела вода