Трета лигаФудбал

Уште еден третолигаш се откажа од натпреварување!

Сподели
ФОТО: Дреново - Превалец
Сподели

Уште еден третолигаш се откажа од натпреварување, односно нема да продолжи со натпреварување во пролетната полусезона.

Според информациите на Спортска Мрежа со натпреварување нема да продолжи ФК Дреново, а со тоа Трета лига – Југ ќе продолжи со една екипа помалку.

Екипата на Дреново есенскиот дел го заврши на само дно од табелата со само едно реми односно еден освен бод, се останато беше порази.

Ова е втора екипа што се откажува од овој регион, откако пред самиот старт на сезоната екипата на Слога 1976 од Лажани се откажа од натпреварување, односно воопшто и не започна со натпревари, па наместо со 14 екипи како што беше планирано, сезоната започна со 13 екипи, а по откажувањето на Дреново од понатамошно натпреварување, овој регион ќе брои 12 екипи.



Во рамки на првото пролетно коло Дреново требаше да игра против Питу Гули на домашен терен, но овој меч не беше одигра, а за што немаше делегирани ниту официјални лица, што само по себе потврдува дека Дреново нема да се натпреварува.



Бројот на откажани третолигаши се зголемува. Во Трета лига – Исток се откажа екипата на Светлост од Зрновци, во Трета лига – Запад се откажа екипата на Зајази, во Трета лига – Југозапад пак екипата на Велешта беше дисквалификувана од натпреварување, но има и екипи кои пред самиот старт на сезоната воопшто и не започнаа со натпреварување. Вардарски минатата сезона испадна од Втора лига и воопшто и не продолжи со натпреварување во Трета лига – Исток. Со натпреварување не продолжи ниту Сатеска од Волино во Трета лига – Југозапад.

Единствен регион каде нема откажано екипи засега е само Трета лига – Север.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!