Екипата на Слога од Злеово одигра контролен натпревар против Напредок во Радово, каде со 3:6 забележа висок и убедлив триумф.
Двете екипи кои се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Струмица, имаа можност за проверка на формата пред стартот на пролетниот дел.
За тимот од радовишко Злеово хет-трик постигна Мите Стоименов, додека пак по еден гол постигнаа Христијан Василев, Стојанче Цветков и Сезар.

Екипата на Слога презимува на третото место со 13 бодови, а на пак Напредок е на дното без ниту еден боз.