Останато

ВИДЕО: Трајче Василев ќе настапи на Државното првенство – нови предизвици за Кикбокс Маитаи Комбат од Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Кикбокс Маитаи клубот Комбат од Радовиш продолжува со активностите и настапите на домашната сцена, а во фокусот овој викенд ќе биде младиот Трајче Василев.

Деветгодишниот Василев во недела (1 март) ќе настапи на Државното кикбокс првенство на Македонија во Скопје, каде ќе се бори во дисциплината кик лајт до 27 килограми. За него ова е уште една можност да го покаже својот талент и напредок.

Покрај Василев, на првенството ќе настапат и уште тројца членови на клубот: Александар Ивановски во категоријата кик лајт до 74 килограми, Стефан Ефтимов во лоу кик до 81 килограм и Андреј Петров во К-1 до 71 килограм.



Клубот постои веќе 17 години и зад себе има богата историја со настапи на повеќе европски и светски првенства, како и на европски и светски купови, од каде радовишани се враќале со бројни медали. Најраната возраст за запишување е 7-8 години, а во клубот активно тренираат и девојки, меѓу нив и Дебора Димова која две години успешно е дел од клубот.

Кикбокс Маитаи Комбат располага со сопствена сала за тренинзи во Радовиш, што овозможува континуирана работа и развој на младите таленти, меѓу кои е и Трајче Василев – новото име кое сака да остави трага на домашната сцена.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Рудар нема да допатува – Хоризонт Турново ќе добие службени три бода?

Натпреварот меѓу Хоризонт Турново и Рудар Пробиштип нема да се одигра, иако беше закажан за 1 март, дознава ексклузивно Спортска Мрежа. Станува збор...

Трета лигаФудбал

Третолигашот Света Троица од Охрид се засили со Шенол Меди

Третолигашот Света Троица од Охрид за пролетниот дел во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад се засили со искусниот Шенол Меди. 33-годишниот Охриѓанец...

Поврзани написи
Останато

Охрид ги избра најдобрите за 2025: Владимир Димитријевиќ спортист на годината

Охрид на свечена седница ги избра најдобрите во спортот за 2025 година....

Останато

Штип УГД чекори кон двојна круна, ГОК Борец го доби шампионот убедливо, Сушево со голема победа над Работнички

Одбојкарите на Штип УГД продолжуваат со импресивните настапи оваа сезона и се...

Останато

Зоран Јовановски – првиот македонски параолимпиец на ЗОИ Милано–Кортина

Зоран Јовановски ќе испише нова страница во историјата на македонскиот спорт, откако...

Останато

Општина Охрид со рекордна поддршка за водените спортови и спортскиот туризам во 2026

Охрид и водените спортови се нераскинлива приказна – таму каде што езерото...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!