Македонската репрезентација до 18 години претрпе тесен пораз од врсниците на Бугарија со 1:2 на пријателскиот натпревар одигран во Струмица. Нашите фудбалери имаа предност од 1:0 на полувреме, но во второто полувреме противникот успеа да го сврти резултатот во своја корист.
Во 17. минута, Флори Илази донесе водство за Македонија, откако акцијата ја започна Рочи, потоа со глава шутираше Хоџа, а одбиената топка Илази ја смести во голот.
По еден час игра, Бугарија израмни на 1:1 со голот на Димитар Мранков, постигнат по корнер и лоша реакција во одбраната на нашиот тим. Во 73. минута, повторно одбрана на Македонија дозволи удар на Мартин Пејчев за конечни 2:1 за Бугарија.
До крајот на мечот, селекцијата на Димитар Капинковски имаше неколку шанси за израмнување, но не успеа да го постигне голот.
Двете селекции ќе го одиграат вториот контролен натпревар в сабота во Петрич, Бугарија.
Состав на Македонија до 18 години:
Трајков Александар, Рочи Албан, Варошаноски Лука, Димовски Андреј, Хоџа Дитмир, Ангелевски Давид, Мрмачовски Јован, Илази Флори, Велков Бојан, Танчев Иван, Секирски Стефан; резерви: Трајковски Антониј, Стаматоски Стефан, Жаку Лорент, Буцевски Дамјан, Талески Габриел, Марковски Павел, Рамадани Муаз, Мисајловски Славчо, Османи Флорент, Ѓерасов Матеј, Марковски Иво, Цека Назиф, Сејменов Матеј.
Состав на Бугарија до 18 години:
Огњан Владимиров, Алекс Тунчев, Теодор Ѓуров, Емилијан Гогев, Радостин Стоилов, Мартин Пејчев, Емануил Нјаголов, Георги Ангелов, Рикардо Фернандеш, Иво Мотев, Калин Пулев; резерви: Преслав Стојанов, Борислав Стоичков, Радослав Палазов, Даниел Кирилов, Димитар Мранков, Венислав Михајлов, Кристијан Михајлов, Никола Генчев, Божидар Христов, Стефан Крумов, Димитар Кичуков.