Втора лигаФудбал

„Фаланга“ и „Ултра Банда“ најавуваат силна поддршка: Брегалница фаворит против Вардар Неготино

Сподели
Сподели

Брегалница во сабота на домашен терен ќе го пречека Вардар Неготино, во обид да се врати на победничките патеки по поразот од Кожуф во минатото коло.

На Градскиот стадион во Штип „сините“ ќе ја имаат фаворитската улога, а целта е јасна – освојување на трите бодови и продолжување на трката за враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Голема поддршка се очекува од верните Фаланга и Ултра Банда, која најави мобилизација. Собирот е закажан во 13 часот пред Новата пошта во Штип, со повик сите да бидат облечени во црно. Од таму навивачите заедно ќе се упатат кон стадионот, кој се наоѓа во непосредна близина.

Се подготвува и кореографија, а атмосферата треба да биде дополнителен мотив за избраниците на стратегот Влатко Костов да го заборават киксот во Гевгелија и да продолжат по зацртаниот пат кон елитата.



Натпреварот меѓу Брегалница и Вардар Неготино започнува во 14 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!