Прва женска фудбалска лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Тиверија Брера и Љуботен, Димитар Левески главен во Битола

Сподели
Сподели

Утре се играат натпреварите од вонредното 16. коло на Првата женска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата мечевите.

Дербито ќе се игра во Струмица каде Тиверија Брера ќе игра против шампионот Љуботен на теренот со вештачка трева со почеток од 13 часот. Главен судија на овој меч ќе биде Доне Ристовски, а негови помошници ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров, а пак контролор ќе биде Ѓорги Карајанов.

Речица на домашен терен ќе бара рехабилитација после големиот пораз во претходното коло од Љуботен против Ас Јунајтед, а струшкиот тим доаѓа како фаворит за трите бодови. Правдата на овој меч кој стартува во 14 часот ќе ја дели Ирена Велевачкоска, а нејзини помошнички ќе бидат Ангела Домазетовска и Радмила Неркова. Контролор на средбата ќе биде Бранко Величковски.

Лидерот Скопје на домашен терен ќе го пречека Вардар, домаќинот е фаворит, а правда ќе дели Борче Павловиќ, а ќе му асистираат Елена Соклевска Илиевски и Зоран Саздовски. Никола Божиновски ќе биде контролор на средбата која се игра во Пржино, а започнува во 14 часот.



Истатов како фаворит ќе гостува во Битола кај Топ Гол, а Димитар Левески ќе дели правда на овој меч, додека пак негови помошници ќе бидат Марио Мојсоски и Стефан Петрушевски, а Петре Илиоски ќе биде контролор на средбата која стартува во 13:30 часот.

Кочани на домашен терен ќе игра со фаворитот Каменица Саса, а главен судија на овој меч ќе биде Ангелчо Ристов, а негови помошници ќе бидат Ване Дупкаров и Ване Данилов. За контролор е одреден Марјан Кировски, а средбата ќе започне во 11:30 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!