Кошарка

Пелистер со висока победа, Шкупи тесно го доби Тиквеш, Чаир и Кожув пресилни!

Сподели
Сподели

Пелистер запиша убедлива победа од 110:93 над екипата на Феникс во рамки на 6. коло од Првата кошаркарска лига на Македонија.

Мишковиќ натпревар го заврши со дабл-дабл учинок од 30. поени, но имаше и 13 скока, додека пак Антоан постигна 18 поени, а пак Стојановски имаше 15 поени. Кај Феникс Митревски имаше 18 поени и шест асистенции, Баун даде 16, а пак Тимоти 15 поени.

Шкупи со тесни 85:82 го доби Тиквеш на домашен терен во меч каде со 21 поен Вилијамс беше прв стрелец кај победничката екипа, а пак Стојановски имаше 18 поени. Кај Тиквеш Грин имаше 26 поени и седум успешни додавања.

Чаир како апсолутен фаворит лесно го доби Вардар со превисоки 108:80, во натпревар каде чаирчани најдобар беше Кели со 38 поени, имаше 11 скока и пет аситенции, а пак Мофит имаше 15 поени, кај Вардар Стивенс имаше 12 поени со 15 скока.

Кожув на домашен терен запиша победа од 82:74 над екипата на Куманово. Вилсон даде 19 поени за Кожув, а пак кај тимот на Куманово 23 поени даде Радукиќ.

Денес МЗТ Скопје игра против Гостивар од 18 часот, а пак утре се игра дербито на колото меѓу Работнички и ТФТ со почеток од 18 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло,...

Кошарка

ФОТО: Работнички добива модерна сала по ФИБА стандарди!

Кошаркарскиот клуб Работнички добива сосема нов, современ дом – реконструираната сала во...

Кошарка

Адамовска на врвот кај асистентите – промени на индивидуалните листи во Првата женска кошаркарска лига

По одигрувањето на шестото коло во Првата женска кошаркарска лига, дојде до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!