Ракомет

Вардар Неготино, Младост и Мулти Есенс со убедливи победи, струмичани со нов пораз!

Сподели
ФОТО; АРХИВА
Сподели

Осмото коло на Првата ракометна лига донесе убедливи победи за неколку екипи, а која беше отворена во четвртокот со убедливата победа на Еурофарм Пелистер 2 над Аеродром во Скопје, во дуел на двете екипи кои лани настапуваа во Суперлигата. Во петокот ланскиот суперлигаш Вардар Неготино со 44:32 го декласираше Партизан од Гевгелија.

Вчера беа одиграни останатите натпревари. Кичево на домашен терен претрпе тежок пораз од Мулти Есенс со 32:43, ланскиот суперлигаш Скопје со 31:29 ја доби скопската пресметка со Драчево.

Преспа Вардар одново поразена со што тимот од Ресен има седум порази од седум натпревари, откако загуби од Младост од Богданци со 19:35. Екипата на Астраион е во иста ситуација како екипата на Преспа Вардар, со тоа што струмичани имаат шест порази од шест натпревари, откако загубија од Овче Поле со 27:31, додека пак Шампион со 25:29 загуби од Македонија ЃП.

  • ПРВА РАКОМЕТНА ЛИГА ГРУПА А
# Екипа П Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Еурофарм Пелистер 2 7 7 0 0 286 143 +143 14
2 РК Мулти Есенс 6 4 1 1 204 171 +33 9
3 РК Металург-РА 6 4 0 2 157 144 +13 8
4 РК Овче Поле 6 3 1 2 164 180 -16 7
5 РК Јехона 6 3 0 3 156 195 -39 6
6 РК Кичево 2020 6 1 1 4 178 210 -32 3
7 РК Аеродром 7 1 1 5 193 244 -51 3
8 RK Астраион Хендбол 6 0 0 6 155 206 -51 0
  • ПРВА РАКОМЕТНА ЛИГА ГРУПА Б
# Екипа П Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Македонија ЃП 8 6 1 1 250 214 +36 13
2 РК Скопје 2020 7 6 0 1 221 203 +18 12
3 РК Младост 1977 7 5 0 2 232 174 +58 10
4 РК Драчево 7 4 1 2 231 208 +23 8
5 РК Шампион 7 4 0 3 231 212 +19 8
6 РК Вардар Неготино 7 4 0 3 240 230 +10 8
7 РК Текстилец УГД Штип 7 1 0 6 205 248 -44 2
8 РК Партизан-2016 Спорт 7 1 0 6 205 251 -46 2
9 СРК Преспа Вардар 7 0 0 7 179 253 -74 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!