Ракомет

(ФОТО) Богданци дишеше во ритамот на ракометот: Исполнета сала со детска радост и енергија на ракометниот караван на РФМ

Сподели
Сподели

Ракометната федерација на Македонија успешно ја реализираше својата нова станица од Ракометниот караван, кој денеска се одржа во спортската сала „Млаз“ во Богданци. Салата беше исполнета со насмевки, радост и позитивна енергија, а интересот беше поголем од очекуваното, со што овој караван се вбројува меѓу најмасовните досега.

Децата имаа можност преку три игри да ги направат своите први чекори во ракометот. Првата активност беше водење топка, потоа следуваше вртење околу половина терен, а третата – шут на гол, што предизвика најмногу возбуда и аплаузи. Преку овие активности, најмладите го почувствуваа спортот и се запознаа со неговите основи.

Настанот беше збогатен и со присуството на ракометните имиња Ристо Узунчев, Марија Гугуљанова и Лилјана Новоселска, кои со своето присуство им дадоа дополнителна мотивација на децата. Во рамки на караванот беа поделени и маички, што дополнително ја разубави атмосферата во салата „Млаз“.

Караванот, покрај Богданци, ги опфати и Дојран и Стојаково, обединувајќи ја младината од регионот околу ракометот како спорт и начин на живот.

Богданци уште еднаш потврди дека е еден од најракометните градови во Македонија. Во минатото РК Младост Богданци и ЖРК Млаз беа симбол на македонскиот и југословенскиот ракомет и препознатлив бренд во Европа.

Денес, РК Младост е непоразен лидер во Првата ракометна лига и чекори кон враќање во Суперлигата, а масовноста и ентузијазмот на најмладите даваат надеж дека и ЖРК Млаз повторно ќе се врати на ракометната мапа на Македонија.

Сликата од „Млаз“ беше јасна – ракометот во Богданци има иднина, а новите генерации веќе ја чувствуваат магијата на оваа игра.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Валентино Јовановски со два гола во финишот ја „расплака“ Црна Река, лидерот Железарец пресилен!

Кратово вечерва забележаа неверојатна победа во последните минути над ланскиот прволигаш Црна Река од Кавадарци, славејќи со 2:1 преку пресврт во меч од...

Ракомет

(ФОТО) Богданци дишеше во ритамот на ракометот: Исполнета сала со детска радост и енергија на ракометниот караван на РФМ

Ракометната федерација на Македонија успешно ја реализираше својата нова станица од Ракометниот караван, кој денеска се одржа во спортската сала „Млаз“ во Богданци....

Поврзани написи
Ракомет

Историски успех за Охрид! Ројевиќ: „Многу сум задоволен и горд на мојата екипа“

ГРК Охрид испиша нова златна страница во својата историја. По победата од...

Ракомет

Вардар со шампионски чекор: Триумф во Автокоманда за потврда на првото место

Ракометарите на РК Алкалоид и Вардар 1961 одиграа возбудливо дерби во последното...

Ракомет

Младост го освои Неготино – лидерот од Богданци останува непоразен!

Младост од Богданци останува непоразен лидер во Првата ракометна лига откако со...

Ракомет

Историски чекор за Охрид: „Гладијаторите“ меѓу најдобрите осум во Европа

Ракометарите на ГРК Охрид испишаа нова страница во клупската историја, откако со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!