Прва женска фудбалска лигаФудбал

Петковски ќе им суди на Саса и Тиверија, Изеири го доби дербито во Струга, Велевачкоска на центарот во Пржино

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре стартува пролетната полусезона во Првата женска фудбалска лига со натпреварите од 15. коло, а кое носи и дерби пресметки.

Познати се и судиите кои ги делегираше Фудбалската федерација на Македонија, а кои ќе бидат задолжени да делат правда на петте натпревари.

Дербито во Македонска Каменица каде ќе се соочат Каменица Саса и Тиверија Брера ќе го суди Никола Петковски, а негови помошници ќе бидат Станко Митровиќ и Александар Ѓурковски. Контролор на средбата ќе биде Орце Стефановски.

Три дами ќе ја делат правдата на мечот во Пржино каде ќе играат Истатов и Кочани. Ирена Велевачкоска ќе биде главен судија, нејзини помошнички ќе бидат Ангела Домазетовска и Радмила Неркова. Контролор на средбата ќе биде Драган Ристовски.

Ндерим Тефику ќе ја дели правдата на средбата меѓу Вардар и Топ Гол, а ќе му асистираат Елена Илиески Соклевска и Тамара Цветановиќ, а контролор ќе биде Дејан Неделкоски.



Дербито меѓу Ас Јунајтед и лидерот Скопје го доби Вјолца Изеири, а помошници ќе бидат Цветанка Савеска и Александар Ѓорѓески. Контролор на средбата ќе биде Марјан Ецкоски.

Шампионот Љуботен како апсолутен фаворит ќе игра против Речица, а правда на овој меч ќе дели Марјан Дејаноски, а пак ќе му помагаат Филип Ицковски и Мартин Дејаноски. Контролор на средбата ќе биде Џенан Хајдари.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!