КупФудбал

Четвртфиналниот меч меѓу Детонит Плачковица и Силекс ќе се игра во Кратово

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија меѓу второлигашот Детонит Плачковица и прволигашот Силекс ќе се игра во Кратово, наместо во Радовиш.

Причината поради која овој натпревар се „сели“ од Радовиш во Кратово е поради тоа што Градскиот стадион во Радовиш нема услови за спроведување на ВАР технологија, односно оваа технологија воопшто не е имплементирана.

Според пропозициите за Купот на Македонија, ВАР технологијата се спроведува од четвртфиналето и од таа причина, натпреварот наместо во Радовиш ќе се одигра во Кратово.

„ФК Силекс ја известува јавноста дека натпреварот од четвртфиналето на Купот на Македонија против ФК Детонит Плачковица, кој е закажан за среда (25 февруари) со почеток во 14:00 часот, ќе се одигра на нашиот стадион во Кратово, наместо на „Градскиот стадион“ во Радовиш, како што беше првично планирано. Промената на локацијата е направена поради немање соодветни технички услови на Градскиот стадион во Радовиш“, велат од ФК Силекс.

Натпреварот од четвртфиналето на Купот на Македонија меѓу Силекс и Детонит Плачковица ќе се одигра на 25 февруари (среда) од 14 часот на стадионот „Силекс“ во Кратово.



Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Шкендија со минимална негатива пред реваншот во Самсун

Македонскиот шампион Шкендија го загуби првиот натпревар од плејофот во УЕФА Конференциска лига против Самсунспор со 0-1 и со гол заостанување ќе патува...

Останато

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стана првак со Тексас Универзитет откако во финалето го совладаа Охајо Стејт Универзитетот со 4:2 во рамки на...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Шкендија со минимална негатива пред реваншот во Самсун

Македонскиот шампион Шкендија го загуби првиот натпревар од плејофот во УЕФА Конференциска...

ИнтернационалциФудбал

Катерина Петкова со прв интернационален трансфер – кариерата ја продолжува во Спартак Суботица

Младата македонска фудбалерка Катерина Петкова ќе го има својот прв меѓународен ангажман...

ОстанатоФудбал

Валерија Ваљак Неделковска избрана за претседател на Синдикатот на фудбалери на Македонија

Во Велес на 9 февруари 2026 година се одржа редовното годишно Генерално...

ИнтернационалциФудбал

СОСТАВИ: Шкендија со јасна стратегија против Самсунспор – Беќири верува во проверените сили

Македонскиот шампион Шкендија вечерва од 21 часот го пречекува турскиот претставник Самсунспор...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!