Втора лигаФудбал

Верните „мајмуни“ најавија собир пред Градскиот стадион во Прилеп за својата Победа!

Сподели
Сподели

Навивачката група „Мајмуни“ најави собир за четврток пред градскиот стадион во Прилеп со цел последните случувања околу фудбалскиот клуб Победа.

Собирот е закажан за во 14 часот, а навивачите се мобилизираат за Победа и како фудбалската гордост на Прилеп ќе продолжи во иднина.

Клубот пред неколку дена преку соопштение извести дека поради очајната финансиска состојба нема да продолжи со натпреварување, но клубот сè уште не ја има известено ФФМ дека нема да продолжи со натпреварување, а со тоа се буди и најмалата надеж дека Победа ќе продолжи со натпреварување.

Време многу нема, бидејќи Победа веќе во сабота треба да биде домаќин на Новаци во рамки на првото пролетно коло, но како тимот ќе продолжи е голем прашалник.

Изминатите денови информации од Прилеп говореа дека Победа ќе „скрпи“ тим со млади фудбалери и со фудбалери кои немаат ангажман, со цел да се доигра сезоната.



Останува да видиме што ќе донесе собирот на верните „мајмуни“ и кои ќе бидат следните чекори кон спас на фудбалскиот бренд Победа.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!