ФудбалФутсал

ФОТО: Проект со инфарктна победа во Куманово – титулата е на пат за Јосифово!

Сподели
Сподели

Проект останува непоразен во Првата футсал лига откако вечерва и по вторпат сезонава го совлада шампионот Форца, овој пат на гостински терен во Куманово со резултат 6:7, за големо славје на стартот од пролетниот дел.

Десеттото коло донесе неверојатни 13 погодоци, многу пресврти, неизвесност, шанси и атрактивни моменти. Овој триумф претставува голем чекор кон тоа Проект да стане шампион и по неколку години да ја врати титулата во Јосифово.

Шампионот прв го отвори резултатот преку Берат Рамадани по само три минути игра, а Марио Благојевски во 7. минута израмни на 1:1. Сепак, по само шеесетина секунди, Проект преку вториот гол на Рамадани повторно поведе со 2:1.

Голеадата продолжи кога искусниот Мартин Тодоровски во 10. минута погоди за 2:2, а само една минута подоцна Бојан Јанев стрелаше за 2:3, резултат со кој се замина на полувреме.

Вториот дел донесе уште повеќе возбудувања и неизвесност. Форца направи пресврт и поведе со 4:3 благодарение на головите на Руфат Чалафи и Иљаз Чилаљи. Потоа следуваа два гола на Проект за ново водство од 4:5 – стрелци беа Тодоровски, кој го постигна својот втор погодок, и новото засилување Давид Ристовски.



Натпреварот доби инфарктна завршница кога Форца повторно собра сили и со два брзи гола на Чалафи, кој комплетираше хет-трик, поведе со 6:5 на пет минути до крајот.

Во 37. минута Димитар Јанев израмни на 6:6, а во самиот финиш Благојевски со својот втор гол ги постави конечните 6:7 за неверојатно славје на Проект.



Шампањското во Јосифово веќе може да се лади – Проект се искачи на плус девет бодови во однос на шампионот Форца и незапирливо чекори кон титулата.

Оваа огромна победа јасно ги исцртува контурите за новиот шампион во Македонија, а Проект сериозно атакува и на двојна круна.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!