Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Скопје и Гевгелија ќе бидат домаќини на Европското првенство во кошарка У16 – Б дивизија

Сподели
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија објави дека на нашата држава и е доверена организацијата на Европското првенство за играчи до 16 години – Б дивизија, кое ќе се одржи од 5 до 16 август.

Довербата од европската кошаркарска федерација претставува потврда за организациските капацитети на КФСМ и за континуираната работа во развојот на кошарката во Македонија.

Со цел дополнително да се промовира спортот и да се доближи до поголем број љубители, шампионатот за првпат ќе се организира во два града – Скопје и Гевгелија.

Досега ваквите меѓународни настани најчесто се одржуваа во главниот град, но овојпат идејата е кошаркарската атмосфера да се прошири и во други средини. Изборот на Гевгелија претставува можност градот да се претстави како успешен домаќин со својата инфраструктура, гостопримство и организациски потенцијал.

Европското првенство ќе биде шанса младите кошаркарски таленти од повеќе земји да се претстават во Македонија, но и уште една потврда за посветеноста на државата кон развојот на младинскиот спорт.

Кошаркарската федерација, во соработка со локалните институции и партнери, најавува организација на настан на високо ниво, кој ќе биде пример за професионалност, спортски дух и гостопримство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Шкендија со минимална негатива пред реваншот во Самсун

Македонскиот шампион Шкендија го загуби првиот натпревар од плејофот во УЕФА Конференциска лига против Самсунспор со 0-1 и со гол заостанување ќе патува...

Останато

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стана првак со Тексас Универзитет откако во финалето го совладаа Охајо Стејт Универзитетот со 4:2 во рамки на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии

Во организација на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) се одржа напреден едукативен семинар за...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Мажите во Струмица, дамите во Скопје ќе бидат домаќини во Европската лига 2026

Машката сениорска репрезентација на Македонија настапот во новото издание од Европската лига...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!