Утре во Гостивар ќе се одигра натпреварот меѓу Арсими и Брера Струмица од 18. коло на Првата македонска фудбалска лига.
Играчот од средниот ред на Арсими, Малиќ Белули вели дека високиот пораз од претходното коло е минато, сега фокусот е на мечот со Брера Струмица, додава дека целта е јасна – победа и три бода против струмичани.
“Станува збор за квалитетен противник, но екипата е максимално подготвена и фокусирана со јасна цел освојување на трите бода. По поразот од лидерот Вардар минатото коло, тимот направи детална анализа и во текот на неделата посветено работеше на корекција на грешките. Тој натпревар е оставен зад нас и служи како дополнителен мотив за подобро издание. Против гостите, тимот ќе се бори до последниот судиски свиреж за дресот, за клубот и за поддршката од навивачите. Целта е јасна победа и задржување на бодовите на домашен терен”, изјави фудбалерот на Арсими.