Втора лигаФудбал

Последните денови за подготовки – викендот стартува пролетниот дел во Втора лига

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

Викендот започнува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварите од 16. коло.

Зимската пауза завршува, до сабота второлигашите ќе имаат можност за последни проверки, откако викендот што измина се одиграа „генералките“ со што тоа беше последен тест за да се провери формата.

Во рамки на првото пролетно коло во Струмица ќе се одигра дербито на колото меѓу Беласица и Охрид, Детонит Плачковица во Радовиш го чека последнопласираниот Големо Коњари.

Во Гевгелија силите ќе ги одмерат Кожуф и Брегалница, дерби на Истокот ќе се игра во Кочани каде Осогово ќе го пречека тимот на Каменица Саса, а пак „разнишаната“ Победа ќе биде домаќин на одличниот Новаци.



Шкендија Арачиново како апсолутен фаворит ќе го пречека тимот на Преспа од Ресен, Скопје оди како апсолутен фаворит на гостување во Виница кај Слога, додека пак Тетекс ќе го пречека Вардар Неготино.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!