Прволигашот Силекс во четвртфиналето во Купот на Македонија ќе се соочи со второлигашот Детонит Плачковица, меч кој ќе се одигра на 25 февруари (среда) на Градскиот стадион во Радовиш.
Верните „кратери“ се мобилизираат и најавуваат поддршка за нивниот миленик и во Радовиш, каде што Силекс ќе бара „билет“ за влез во полуфиналето.
„Кратерите“ веќе објавија информации за пријавување на сите заинтересирани навивачи со цел заеднички и организирано да допатуваат во Радовиш.
Детонит Плачковица веќе втора година по ред обезбедува место во четвртфиналето, откако минатата сезона за првпат стигна до четвртфиналето во клупската историја, а пак Силекс кој во минатото трипати го освојуваше Купот на Македонија сака Куп титула и со тоа да има сигурен излез во Европа.