Зимската пауза заврши денес стартува пролетната полусезона во ракометната женска Суперлига со натпреварите од 14 часот.
Денес на програмата се два натпревари, првиот се игра во спортската сала „7-ми март“ од 12 часот каде се среќаваат Чаир и Метарлуг Автокоманда, но наместо дерби, ова ќе биде меч каде Чаир треба само да има лесен тренинг, после заминувањето речиси на целиот тим од Автокоманда.
Останува да видиме како ќе изгледа Металург Автокоманда на овој меч и со каков ростер ќе настапи против Чаир, но и во пролетниот дел од сезоната.
Правдата на овој меч ќе ја делат Лејла Јашар и Викторија Прентовска, а делегат ќе биде Душко Камишевски.
Од 17 часот се игра натпреварот меѓу шампионот Ѓорче Петров и Спартак во салата „Христо Батанџиев“.
И на овој меч Лејла Јашар и Викторија Прентовска ќе делат правда, а делегат ќе биде Ерик Белимов.
Утре во Штип се игра мечот меѓу Астибо и Вардар со почеток од 12 часот во салата „Тошо Арсов“, каде правда ќе делат Пепи Димков и Божидар Јованов, а делегат ќе биде Зоран Јовановски.
Колото се затвара дури во понеделник со мечот меѓу Пелистер и Куманово кој ќе се одигра во Битола, во спортската сала „Боро Чурлевкси“ со почеток од 19 часот, а каде гостинот е фаворит за триумф.
Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески ќе делат правда, а делегат ќе биде Саше Јанкуловски.
Во пролетниот дел едно е сигурно – Ѓорче Петров ќе ја брани титулата, а Чаир ќе ја напаѓа!