Ракомет

Чесите го почувствуваа теренот – Дукла со официјален тренинг во Охрид

Сподели
ФОТО: HC Dukla Praha
Сподели

Чешкиот тим- Дукла Прага веќе пристигна во Охрид и го одработи официјалниот тренинг во салата „Билјанини Извори“ во пресрет на утрешниот натпревар од осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

Гостинската екипа се запозна со условите во салата каде утре од 18:00 часот ќе се соочи со ГРК Охрид во првиот натпревар од двомечот. Тренингот помина во сериозна и фокусирана атмосфера, со јасна цел – подготовка за предизвикот што ги очекува на жешкиот охридски терен.

Дукла Прага важи за тим со традиција и искуство на европската сцена, а утрешниот дуел ќе биде вистински тест и за двата состави. Од друга страна, охриѓани со поддршка од трибините ќе се обидат да обезбедат позитивен резултат пред реваншот во Прага.

Сè е подготвено за ракометен спектакл во „Билјанини Извори“, каде атмосферата од трибините може да биде дополнителната предност за домашниот тим.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

„Сè е можно, двомечот не е завршен“ – Ројевиќ повикува на максимална сериозност и фокус пред реваншот во Прага

По убедливата победа на Охрид против Дукла Прага со 30-21 во „Билјанини Извори“, вниманието веќе се свртува кон реваншот во Прага. Домашната победа...

Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак го отвори пролетниот дел

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак од 35:21 го отворија пролетниот дел во Супер лигата. По петнаесет минути игра...

Поврзани написи
Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак го отвори пролетниот дел

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак од 35:21...

Ракомет

Кристијан Дуда: „Атмосферата во Охрид е можеби најубавото нешто што сум го искусил досега”

И покрај убедливиот триумф на Охрид со 30-21 во „Билјанини Извори“, во...

Ракомет

Драчево Јуниор убедливо го доби Аеродром

Ракометарките на Драчево Јуниор со убедливи 37:29 славеа над Аеродром во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!