Второлигашите Шкендија Арачиново и Тетекс во сабота ќе ја имаат својата „генералка“ како последна проверка пред почетокот на пролетната полусезона во Втората фудбалска лига.
Двете екипи ќе ја проверат формата на последниот тест од овие зимски подготовки, а натпреварот ќе се игра на фудбалскиот терен во Аеродром, со почеток од 12 часот.
Шкендија Арачиново во пролетниот дел ќе цели кон влез во Прва лига, а на стартот на вториот дел од второлигашкиот шампионат Шкендија Арачиново дома ќе игра со Преспа од Ресен. Тетекс ќе цели кон опстанок во Втора лига, а пролетниот дел го отвара дома со Вардар Неготино.