Второлигашите Кожуф и Детонит Плачковица закажаа „генералка“ како последна проверка пред почетокот на пролетната полусезона.
Овој натпревар ќе се одигра на „неутрален“ терен односно на Градскиот стадион во Валандово со почеток од 13 часот, дознава Спортска Мрежа.
Штипските тренери Иван Варадиновски и Горан Здравков ќе имаат последна проверка од зимските подготовки пред почетокот на пролетниот дел кој е закажан на 21 февруари.
Кожуф пролетниот дел го отвара на домашниот терен против Брегалница, а пак Детонит Плачковица ќе биде домаќин на „фенерџијата“ Големо Коњари.