Втора лигаТрета лигаФудбал

Утре во Валандово контролен натпревар меѓу Победа и Осогово од Кочани

Сподели
Сподели

Во петок на Градскиот стадион во Валандово ќе се одигра пријателски натпревар меѓу третолигашот Победа и второлигашот Осогово од Кочани. Средбата е закажана со почеток од 15:00 часот.

За тимот од Кочани ова ќе биде последна контрола пред стартот на пролетната полусезона во Втората лига. Тренерот Крсте Крстев ќе ја има финалната можност да ја провери формата на своите избраници и да добие појасна слика за подготвеноста на екипата пред продолжението од шампионатот, кое започнува на 21 февруари. Осогово пролетниот дел го отвора на домашен терен против Каменица Саса.

Од друга страна, Победа од Валандово има повеќе време за темпирање на формата, со оглед дека пролетниот дел во Третата лига Исток започнува на 8 март. До тогаш, третолигашот ќе одигра уште неколку контролни натпревари со цел максимално подготвен да влезе во продолжението од сезоната, во кое ќе се обиде да ја задржи лидерската позиција и да избори бараж за пласман во Втората лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охриѓани подготвени да ја одбранат својата Тврдина

Ракометарите на Охрид под полна пареа се подготвуваат за првата пресметка од двомечот од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп против Дукла Прага,...

Трета лигаФудбал

Јубилеј со турнир: „10 години ФК Пчиња“ со шест екипи и богата програма

По повод одбележувањето на јубилејот „10 години ФК Пчиња“, клубот организира турнир кој ќе се одигра во две групи, со учество на шест...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Јубилеј со турнир: „10 години ФК Пчиња“ со шест екипи и богата програма

По повод одбележувањето на јубилејот „10 години ФК Пчиња“, клубот организира турнир...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново закажана „генералка“ против Тетекс

Второлигашите Шкендија Арачиново и Тетекс во сабота ќе ја имаат својата „генералка“...

Втора лигаФудбал

„Генералка“ на Вардар Неготино и Брегалница на популарната „Цвај арена“

На популарната „Цвај арена“ ќе се одигра „генералката“ меѓу второлигашите Вардар Неготино...

Втора лигаФудбал

Второлигашите Кожуф и Детонит Плачковица закажаа „генералка“

Второлигашите Кожуф и Детонит Плачковица закажаа „генералка“ како последна проверка пред почетокот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!