Овој викенд ќе биде искористен за фудбалски „генералки“ пред стартот на пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.
Второлигаши влегуваат во самиот финиш на подготовките, а во текот на следната недела ќе бидат последни денови за да може да се „поправи“ нешто и да влезат максимално подготовки за пролетниот дел.
Стартот на пролетниот дел е закажан за 21 февруари со мечевите од 16 коло, а како што е последно, последните пет екипи (од 16 до 12 место) испаѓаат директно, следните три екипи на табелата (од 11 до деветто место) играат бараж за опстанок во Втора лига.
Втората и третата екипа на табелата ќе ги очекува бараж за Прва лига, а шампионот ќе има директен влез во Прва лига.