Некогашниот прволигаш Гостивар активно работи на ростерот за пролетната полусезона, во која ќе цели кон потврда на првото место во Општинската фудбалска лига и со тоа да избори влез во Трета лига – Запад за следната сезона.
Гостивар ги претстави Ибрахим Јусуфи, Ерсел Дико и Џемаил Исмаили со кои значително се подига квалитетот на тимот за пролетниот дел.
„Нивното враќање е доказ за нашата желба да го зголемиме квалитетот на тимот, потпирајќи се на играчи кои ја знаат тежината на дресот и ја чувствуваат поддршката на нашите навивачи. Нивното искуство и талент ќе претставуваат дополнителна сила во нашите амбиции за врвот на табелата“, велат од клубот.
Претходно, како што објави Спортска Мрежа беа промовирани Генц Раши, Рони Синани, Зеќир Сефери, Горан Новаковски и Месут Шабани.
Гостивар е есенски шампион во Општинската фудбалска лига со 17 бодови, скоро е пет победи и две ремија, а најголем конкурент е второпласираниот Градец кој има 15 бодови од четири победи и три ремија, додека пак на делба на третото место се Пролетер од Тумчевиште и Вардар од Форино со по 11 бодови.
Пролетниот дел екипата на Гостивар го отвара со дерби против некогашниот второлигаш Вардар во Форино.