Второлигашот Вардар жени 2019 го заокружи списокот на учесници во осминафиналето на Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција, откако со сигурни 3:0 (25:12, 25:11, 25:16) славеше против Универзитет во Тетово во последниот натпревар од претколото.
Вардарки целосно ја оправдаа улогата на фаворити, иако по договор меѓу двете екипи мечот се одигра на теренот на противникот во Тетово.
Покрај Вардар жени 2019, пласман во следната рунда од куп-натпреварувањето обезбедија и Фламинго Волеј, Форца Волеј ЕМА, како и дебитантите Борец жени, Ново Село и Виола Волеј. Тие им се приклучија на прволигашките екипи кои имаа директно место во осминафиналето, а според пласманот од есенскиот дел на сезоната беа формирани двојките за следната фаза.
Осминафиналните натпревари ќе се играат на 18 февруари. Бранителот на трофејот Наковски Волеј ќе се соочи со Борец жени, Работнички Скопје ќе игра против Ново Село, Газели Волеј против Виола Волеј, додека Младост УГД ќе ги одмери силите со Форца Волеј ЕМА.
Актуелниот шампион Јанта Волеј КВ ќе игра против Вардар жени 2019, Пелистер Волеј ќе се сретне со Фламинго Волеј, Струмица жени ќе игра против Ускана, а во скопското дерби ќе се соочат Вардар ЕМ и Фит Фан Волеј.
КУП НА ОФМ 2026:
ПАРОВИ, ОСМИНАФИНАЛЕ (18.02.2026)
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – БОРЕЦ ЖНИ
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – НОВО СЕЛО
ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – ВИОЛА ВОЛЕЈ
МЛАДОСТ УГД – ФОРЦА ВОЛЕЈ ЕМА
ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ – ВАРДАР ЖЕНИ 2019
ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ – ФЛАМИНГО ВОЛЕЈ
СТРУМИЦА ЖЕНИ – УСКАНА
ВАРДАР ЕМ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ
Победниците од овие дуели ќе обезбедат место во четвртфиналето на Купот на ОФМ 2026.