Со два натпревари во Кавадарци и Тетово денес започна пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
Тиквеш со убедлив триумф го отвори пролетниот дел откако како гостин на својот терен во Кавадарци го декласираше „фенерџијата“ Шкупи со превисоки 0:6.
Победата беше најавена уште од самиот старт кога кавадарчани имаа предност од четири погодоци што веќе беше недостижно за чаирчани.
Берат Садик го отвори резултатот, а од крајот стрелаа Кристијан Стојкоски, Данаил Тасев и Давид Голобов за 0:4 на полувреме. Во вториот дел Берат Садик постигна уште еден гол, а во 76. минута од средбата Садик комплетираше хет-трик и ги постави конечните 0:6.
Дербито во Тетово беше неизвесно – Шкендија ја доби пресметката со Струга Трим Лум со 2:0 со што трите бодови останаа дома, а актуелниот шампион забележа важна победа во битката за одбрана на шампионската титула.
По чистите мрежи (0:0) во првиот дел, во второто полувреме тетовскиот тим го отвори резултатот во 78. минута преку Себастијан Спахиу, а во 88. минута Фахд Нзенгуе ги постави конечни 2:0 за голема победа на Шкендија.