Амбициозниот третолигаш Еуромилк ГЛ според информациите на Спортска Мрежа се засили со Беркај Јакуп, кој доаѓа од редовите на радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица, како и со Антонио Митрев со кој тимот се засилува на стоперската лнија, а кој доаѓа од редовите на ССК Нова.
18-годишниот Јакуп потекнува од Брера Струмица, а за радовишкиот второлигаш настапуваше само шест месеци по што реши да се пресели во некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ.
27-годишниот Митрев покрај за ССК Нова настапуваше и за Силекс, Брегалница, Скопје, Тетекс, Балзан од Малта, Металург и Црвена Звезда од Србија.
Тимот од Горно Лисиче е непоразен лидер во Трета лига – Север и сака враќање во Втора лига.