Ракомет

Ројевиќ пред Дукла Прага: „Противникот е многу сериозен, но се надеваме на пласман понатаму“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува нов голем европски предизвик, откако обезбедија пласман во осминафиналето од ЕХФ Европскиот Куп, каде за противник го добија силниот чешки претставник Дукла Прага.

Охриѓани до оваа фаза стигнаа по успешните настапи и елиминации на Баки од Азербејџан и Слога Добој од Босна и Херцеговина, со што уште еднаш покажаа дека се подготвени за сериозни европски дуели.

Првиот осминафинален натпревар е закажан за 14 февруари (сабота) во СРЦ „Билјанини Извори“, со почеток од 18:00 часот, а билетите за овој европски спектакл веќе се пуштени во продажба.

Во пресрет на двомечот со Дукла Прага, тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ, во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа, го најави европскиот дуел, потенцирајќи го квалитетот и искуството на чешкиот тим.

„Дукла Прага е квалитетен тим со голема традиција. Се надеваме на пласман понатаму, иако противникот е многу сериозен. Тие имаат три членови на чешката репрезентација и тренер кој води и национален тим, а нивниот најдобар играч, Јонас, постигна 25 голови на три натпревари, на неодамна завршеното Европско првенство.“

Изјавата на Ројевиќ уште еднаш ја нагласува тежината на претстојниот предизвик, но и амбициите на охридскиот тим да направи нов чекор напред на европската сцена, со поддршка од домашната публика во „Билјанини Извори“.

Целото интервју на Спортска Мрежа со Ројевиќ можете да го прочитате овде.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски се врати во Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!