ФудбалФутсал

Моќно издание на Железарец, високи победи за СЕЕ Университи, Црна Река и Овче Поле

Сподели
Сподели

Овој викенд започна пролетната полусезона во Втората футсал лига со натпреварите од 10. коло, а кое коло донесе голем број на погодоци на сите натпревари.

Овче Поле убедливо со 5:0 го доби Кратово и победнички ја отвори пролетната полусезона. Без проблеми домаќинот славеше висока победа и ја израдува домашната публика во Свети Николе. Првиот дел заврши со резултат од 2:0 за домашниот состав со погодоците на Роберто Андонов и Јорданче Јорданов, а пак во вториот дел стрелаа Лука Наумов, Антонио Трајковски и Аки Мемедалиев.

Лидерот Железарец без проблеми со убедливи 9:0 го декласираше составот на Партизан Југ од Брвеница. Петре Даиловски постигна три гола, а пак двоен стрелец беше Реџеп Бислим, со по еден гол во листата на стрелци на мечот кој се одигра во Автокоманда се запишаа Дејан Кајсторовски, Мартин Калчев, Роберт Илиевски и Златко Јошевски.

Висок пораз доживеа Карадаку на гостување кај Сее Университи со резултат од 11:1. Најрасположен за голови беше Исмет Цека кој постигна дури пет погодоци, а по еден гол за тетовскиот тим постигнаа Арти Селамни, најдобриот стрелец Хисен Мемеди, Амин Шаќири, Ермал Љиворека, Самир Рамадани и Меритон Халили. За гостинскиот тим единствен стрелец беше Шуајб Шукрија кој погоди во 10. минута.


Црна Река го декласираше новајлијата Фудбал Старс од Кочани со убедливи 9:2, со што бодовите останаа во Кавадарци. Петар Ристовски постигна хет-трик за кавадаречкиот тим, а пак Стојан Петковски беше двоен стрелец заедно со Ѓорѓи Стрезовски. По еден гол постигнаа Никола Димов и Антонио Јанев. За гостинскиот тим Христијан Крстов погоди во првиот дел и Ѓорги Зашев во вториот дел.


Понеизвесен меч имаше во Кисела Вода каде ССК Скопје со 8:6 го доби тимот на Каршиака и тоа преку пресврт откако домашниот тим на полувреме губеше 4:6.

За домаќинот четири гола постигна Несим Сулејман, а до три гола стигна Бранко Ѓуровски, а пак Борјан Цветановски беше стрелец на еден гол.

Гостинот сите шест гола ги постигна во првиот дел, а стрелци на истите беа Шабан Фејзула кој погоди во 7. минута, потоа две минути подоцна стрелаше Хамза Садики, погодија и Сеад Јакупи, Бурим Касами, Кани Ќани и Џезаир Рамадани.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ 9 7 1 1 47 20 +27 22
2 ФК ЦРНА РЕКА / КМФ 9 6 2 1 56 24 +32 20
3 КМФ СЕЕ-УНИВЕРСИТИ 9 6 0 3 57 39 +18 18
4 КМФ КАРШИАКА 1996 9 6 0 3 46 37 +9 18
5 КМФ ФУДБАЛ СТАРС-АУТО ВЕЛТ 9 5 0 4 42 35 +7 15
6 КМФ ССК 1965 Скопје 9 5 0 4 47 51 -4 15
7 КМФ ОВЧЕ ПОЛЕ 2013 9 3 2 4 25 27 -2 11
8 КМФ КРАТОВО 9 3 1 5 53 50 +3 10
9 ФК Партизан Југ Брвеница / КМФ 10 3 1 6 57 71 -14 10
10 КМФ КОНЗУЛИ Битола 9 2 1 6 24 43 -19 7
11 КМФ КАРАДАКУ 9 0 0 9 22 79 -57 0


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!