Трета лигаФудбалЧетврта лига

ФОТО: Ударник убедлив против Слога Злеово на хуманитарниот натпревар во Пирава

Сподели
ФОТО: ФК Ударник
Сподели

Денес во Пирава се одигра пријателски натпревар со хуманитарен карактер меѓу третолигашот Ударник и четвртолигашот Слога од радовишко Злеово, а на кој беа постигнати десет погодоци.

Ударник беше подобар со 8:2, но резултатот од овој контролен натпревар беше во втор план, бидејќи во прв план беше хуманитарната акција за Васко Ризов.

Овој натпревар послужи и за проверката на формата на двете екипи за пролетниот дел. Ударник е втор во Трета лига – Исток со три бода помалку од непоразениот лидер Победа Валандово и ќе цели кон првото место за баражот за Втора лига.


Слога од Злеово пак имаше солидна есен во Општинската фудбалска лига, а тимот од радовишко ќе цели кон првата позиција на табелата и можност да заигра во Трета лига – Исток од следната сезона.

Двете екипи продолжуваат со подготовките и со одигрување на пријателски натпревари за проверка на формата.


Сподели

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!