Денес во битолско Ношпал се одигра пријателски натпревар меѓу третолигашот Напредок и второлигашот Тетекс од Тетово, а на кој беа забележани дури девет гола.
Интересно е тоа што во првиот дел Напредок имаше водство од минимални 1:0 со голот на Владе Јанакиески, а во вториот дел „штофарите“ постигнаа осум гола за конечни 1:8. Одлични услови за игра, резултатот беше во втор план со оглед на тоа што се работи за контролен натпревар, а Напредок се покажа како одличен домаќин и организатор на овој меч.
Тетекс во пролетниот дел во Втора лига ќе цели кон опстанок, а пак Напредок ќе цели кон што е можно подобар пласман на табелата во Трета лига – Југозапад.