ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Шефит Шефити ја продолжува кариерата во ОАЕ – нов интернационален предизвик за тетовскиот напаѓач

Сподели
Сподели

Македонскиот напаѓач Шефит Шефити направи важен чекор во својата кариера, откако го напушти мак-фудбал и потпиша договор со Хата Клуб од Обединетите Арапски Емирати.

27-годишниот фудбалер зад себе има одличен период во дресот на Арсими од Чегранe, каде во два наврати беше еден од најконстантните и најопасните офанзивци на тимот. Токму добрите настапи во есенската полусезона беа клучни за да го привлече вниманието од странство и да си обезбеди меѓународен трансфер. Сега веќе екс фудбалерот на Арсими во есенскиот дел во ПМФЛ постигна 11 погодоци на 12 натпревари и забележа две асистенции.

Шефити своите фудбалски чекори ги започна во Шкендија од Тетово, клуб со кој постигна и најголем дел од своите клупски успеси. Во својата кариера настапуваше и за Ренова, Приштина од Косово, Беса од Добри Дол, како и за Арсими, каде првпат играше од септември 2024 до јануари 2025, а потоа повторно од август 2025 до јануари 2026 година.

Зад неговото име стојат и значајни трофеи – два шампионски пехари во Првата македонска лига со Шкендија во сезоните 2017/18 и 2018/19, како и освоениот Куп на Косово со Приштина во сезоната 2022/23.

Трансферот во Хата Клуб е реализиран со посредство на неговиот менаџер, тетовецот Шендрит Заими, а за Шефити ова претставува нова можност да се докаже на интернационалната сцена и да ја продолжи својата фудбалска приказна надвор од Балканот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!