Ракомет

ЕХФ им го довери дербито во Букурешт на Металари и Николовски!

Сподели
Сподели

Европската ракометна федерација ги објави делегираните судии за натпреварите од 12. коло во Лигата на шампионите, а еден од најзначајните дуели во групата Б им е доверен на нашиот судиски пар- Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Македонската искусна судиска двојка ќе ја дели правдата на дерби пресметката меѓу ЧСМ Букурешт и Брест Бретањ, натпревар кој носи голема тежина во борбата за директен пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа.

Средбата ќе се одигра на 8 февруари од 16:00 часот во салата „Поливалента“ во Букурешт, каде домашниот тим ќе има шанса да ја намали бодовната разлика со лидерот во групата.

Брест Бретањ влегува во дуелот како првопласиран со 18 бодови, додека ЧСМ Букурешт со 14 бодови ја држи четвртата позиција. Победа за романскиот шампион би значела сериозен чекор кон првите две места кои обезбедуваат директен пласман во четвртфиналето.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

Второлигашот Новаци го совлада Пелистер на пријателски натпревар

Второлигашот Новаци денес го совлада прволигашот Пелистер на пријателски натпревар со резултат од 2:1. Ова беше „генералка“ за битолскиот тим кој загуби на...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Шефит Шефити ја продолжува кариерата во ОАЕ – нов интернационален предизвик за тетовскиот напаѓач

Македонскиот напаѓач Шефит Шефити направи важен чекор во својата кариера, откако го напушти мак-фудбал и потпиша договор со Хата Клуб од Обединетите Арапски...

Поврзани написи
Ракомет

Тиквеш со убедлив старт во 2026, Радовиш без одговор во Кавадарци

Ракометарите на Тиквеш 2014 на импресивен начин ја започнаа новата календарска година...

Ракомет

Алкалоид не виде мака со Пролет – бодовите остануваат во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид успешно ја отворија новата година во Суперлигата, откако на...

Ракомет

Деби победа за Алушовски, Еурофарм Пелистер убедлив против младите „пелистерци“

Еурофарм Пелистер победнички ја отвори новата година и ерата на Стевче Алушовски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!