Радовиш го очекува тешка битка за опстанок во Суперлигата, откако презими на дното од табелата без ниту еден позитивен резултат и со нула бодови, го договори првото зимско засилување.
Ново име во тимот е Илија Димов, кој доаѓа од редовите на прволигашот Овче Поле од Свети Николе, а ќе треба да биде освежување во тимот на Спасе Ѓоргиев. Велешанецот веќе се стани на располагање на стручниот штаб и тренира со новиот тим.
Радовиш со Димов се засилува на средната бековска позиција, а низ неговата кариера настапуваше за Борец од каде и потекнува, а велешанецот настапуваше и за Драчево и Вардар Јуниор.
Инаку, Илија Димов во Радовиш ќе игра со неговиот брат Мартин Димов.
Радовиш пролетниот дел го отвара во Кавадарци против Тиквеш.