Ракомет

Партизан со две засилувања, во Гевгелија пристигнаа Илија Табаков и Стојанчо Наумовски

Сподели
ФОТО: РК Партизан Гевгелија
Сподели

Ракометниот клуб Партизан Гевгелија со дополнителна енергија и освежен ростер ќе го започне пролетниот дел од натпреварувањето во Првата лига, откако клубот официјално ангажираше двајца нови ракометари.

Нов член на гевгелискиот тим е Илија Табаков, ракометар кој настапува на позицијата лев бек. Табаков доаѓа од редовите на суперлигашот Радовиш, каде што настапуваше во есенскиот дел од сезоната, а зад себе има значајно искуство во домашниот шампионат. Роден е во Велес, а во текот на својата кариера го носеше дресот на Борец, Бутел Скопје, Аеродром и последно Радовиш.

Второто засилување е Стојанчо Наумовски, среден бек и поранешен кадетски репрезентативец на Македонија. Наумовски потекнува од школата на Младост Богданци, каде што досега настапуваше и ги мина сите младински категории, стекнувајќи вредно натпреварувачко искуство во Првата лига.


Партизан Гевгелија есенскиот дел од шампионатот го заврши на деветтото место на табелата со 11 освоени бодови, при што тимот забележа шест победи и седум порази во првиот дел од сезоната.

Продолжението од Првата лига за гевгелискиот тим носи сериозен предизвик, бидејќи пролетниот дел ќе го отворат со натпревар против непоразениот лидер Младост од Богданци.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Пелистер славеше во Маџари, Феникс го шокираше Куманово – возбудливо 14. коло во „МТЕЛ“ Супер лигата

Денес се играше 14. коло во кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лига кое понуди богата програма, ефикасни натпревари и неколку резултати кои сериозно влијаат на...

КошаркаКошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија домаќин на Европското првенство У16 „Б“ дивизија

Кошаркарската федерација на Македонија извести дека ФИБА Европа, донесе одлука Европското првенство во „Б“ Дивизија, во категорија У16-мажи, да ѝ го додели на...

Поврзани написи
Ракомет

Ќосевски: „Нѐ чекаат тешки предизвици, мора да дадеме максимум!“

Охрид рутински и без поголем напор ги освои бодовите против Прилеп, славејќи...

Ракомет

Охрид со моќно издание го „збриша“ Прилеп, деби за Вуко Борозан

ГРК Охрид со моќно издание го отвори вториот дел од сезоната во...

Ракомет

Радовиш се засили со средниот бек Илија Димов

Радовиш го очекува тешка битка за опстанок во Суперлигата, откако презими на...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Прилеп

Вечерва се отвара пролетната полусезона во ракометната Суперлига со мечот во „Билјанини...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!