Втора лигаФудбал

Дарко Илиески и Абдулхади Јахја нови засилувања на второлигашот Охрид

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид Лихнидос
Сподели

Второлигашот Охрид продолжува со јасна стратегија и амбиции за највисок пласман, откако клубот официјално ги претстави Дарко Илиески и Абдулхади Јахја како нови играчи во своите редови.

Дарко Илиески пристигнува од екипата на Тиквеш и претставува вистинско прволигашко засилување за охриѓани. Искусниот дефанзивец во својата кариера има околу 200 настапи во Првата македонска фудбалска лига, а настапува на позицијата штопер. Покрај Тиквеш, Илиески има богато интернационално и домашно искуство, играјќи за Победа, Ширак (Ерменија), Борец, Шкупи, Пелистер, Копер (Словенија), Струга, Истиклол (Таџикистан) и Билис (Албанија).

Вториот нов член на „рибарите“ е Абдулхади Јахја, кој доаѓа од редовите на Башкими. Јахја ги покрива крилните позиции и зад себе има 150 настапи во Првата македонска фудбалска лига.

Популарниот Шкор, покрај Башкими, во својата кариера настапувал и за екипите на Струга и Воска, носејќи брзина, продорност и искуство во нападот.

Овие две засилувања доаѓаат во вистински момент, имајќи предвид дека Охрид е лидер во Втората лига и есенски шампион, со јасна цел – влез во Првата лига. Амбициите на клубот се недвосмислени, а ростерот дополнително се засилува за предизвиците во пролетниот дел од сезоната.

Пролетниот дел од шампионатот „рибарите“ ќе го отворат со гостување кај Беласица во Струмица, натпревар кој веднаш ќе даде јасна слика за амбициите и формата на охридскиот тим во продолжението од сезоната.

Од клубот им посакаа добредојде и многу успех на Илиески и Јахја во дресот на ГФК Охрид Лихнидос, со очекување дека ќе бидат значаен дел од походот кон елитата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!