ГРК Преспа започна со продажба на годишни влезници како дел од поддршката за клубот од Ресен во продолжението од сезоната. Со симболична цена од 500 денари, љубителите на ракометот добиваат можност да бидат дел од секој домашен натпревар и директно да придонесат во функционирањето и развојот на клубот.
Од клубот упатуваат јасен апел до навивачите и спортската јавност: да се поддржат нашите надежи и да се навива со срце за Преспа во сите предизвици што следуваат.
За дополнителни информации и набавка на годишни влезници, заинтересираните можат да се обратат на:
📞 078/452-343 – Александар
📞 078/355-001 – Наумче
📞 070/271-827 – Дејан
Преспа есенскиот дел од сезоната во Првата ракометна лига го заврши на 11. место со освоени 11 бодови, а пролетниот дел ќе го отвори со гостување кај Текстилец во Штип. Од клубот веруваат дека со поддршка од трибините ќе следи подобар резултатски исчекор во вториот дел од првенството.
Ресен повторно живее за ракометот – време е салата да биде полна и Преспа да ја има потребната поддршка.