Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија како фаворит вечерва против Естонија во првиот квалификациски меч за ЕП 2026

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Ракометната репрезентација на Македониај утре ги започнува квалификации за пласмна на Европското првенство 2026 година, кое се игра во три држави односно Данска, Шведска и Норвешка.

Нашата репрезентација која е предводена од Кирил Лазаров на првиот квалификациски натпревар ќе се соочи со Естонија.

Македонија е фаворит на натпреварот против Естонија, а во однос на меѓусебните дуели и традицијата, македонската репрезентација доминира.

Двете репрезентации досега се соочиле четири пати. Првиот пат на 27. ноември 2008 година кога Македонија со 31:22 ја декласирала Естонија. На второто соочување два дена подоцна Естонија и Македонија одиграле 28:28.

На 27. октомври 2010 година Македонија со 30:25 ја декласирала Естонија, а пак на 8. јуни 2011 година Македонија со 25:31 одново ја декласираше Естонија.

После 13 години двете репрезентации одново ќе се соочат. Првиот меч се игра во Скопје, вечерва од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Футсал репрезентацијата на Македонија ги доби противниците за мундијалските претквалификации

Македонската футсал репрезентација патот кон завршницата на Светскиот шампионат што ќе се...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У15 со гол во финишот до триумф над Турција

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години забележа значајна победа од 3:2 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Задоволен сум од залагањето и дисциплината на оваа генерација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена престојуваше на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 18 години славеше со победа на втората контролна средба против Црна Гора

Денес во Струмица се одигра вториот контролен натпревар помеѓу младите селекции на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!