Останати репрезентацииОстанато

ФОТО: Карате федерацијата на Македонија ги избра најуспешните клубови, тренери и натпреварувачи за 2025 година

Сподели
ФОТО: Карате федерација на Македонија
Сподели

Карате федерацијата на Македонија свечено го одржа традиционалниот Избор на најуспешни клубови, тренери и натпреварувачи за 2025 година. Настанот помина во свечена и спортска атмосфера, со присуство на бројни видни гости, претставници од Министерството за спорт, потпретседател на федерацијата, членови на ИО, претставници на карате клубовите, тренери, спортски работници, како и номинираните и наградени спортисти.

Овој настан претставува значаен момент за македонското карате, како признание за континуираната работа, посветеност и постигнатите резултати во текот на 2025 година. Согласно бодовната табела за 2025 година, изработена од Натпреварувачката комисија на Карате федерацијата на Македонија, беа прогласени најуспешните во повеќе категории. На прворангираните, покрај официјалното признание, им беше врачена и пригодна статуетка за најуспешен во својата категорија.

  • НАЈУСПЕШНИ КЛУБОВИ И ТРЕНЕРИ ЗА 2025 ГОДИНА

Најуспешен клуб во сениорска конкуренција
– Макпетрол – Скопје
Најуспешен тренер во сениорска конкуренција
– Петар Заборски
Најуспешен клуб во младинска конкуренција
– Штип – Штип
Најуспешни тренери во младинска конкуренција
– Сашко Арсовски и Жарко Арсовски


  • НАЈУСПЕШНИ СЕНИОРИ

Ката – сениорки

1. Данка Стојкова – Сансaи Метал Апостолов (Кавадарци)
2. Владанка Аврамова – Сансaи Метал Апостолов (Кавадарци)
3. Јована Манчевска – Фунакоши Гичин (Скопје)
3. Тамара Ристовска – Сансaи Метал Апостолов (Кавадарци)

Ката – сениори

Нуредин Дервиши – Ускана (Кичево)
Андреј Стојаноски – Фунакоши Гичин (Скопје)
Марко Бунтески – Самурај (Скопје)

Кумите – сениорки

Ангела Мојсовска – Макпетрол (Скопје)
Вероника Костовска – Олимпик Спорт 2007 (Скопје)
Викторија Јовановска – Макпетрол (Скопје)

Кумите – сениори

Стефан Стојановиќ – Макпетрол (Скопје)
Фахик Весели – Олимпик Спорт 2007 (Скопје)
Вукашин Јовановиќ – Шампион (Крива Паланка)


  • НАЈУСПЕШНИ СЕНИОРИ ДО 21 ГОДИНА

Ката – жени

Надица Близнаковска – Фунакоши Гичин (Скопје)

Ката – мажи

Марко Поптодоров – Гладијатор (Велес)
Марко Димовски – Гладијатор (Велес)
Филип Спиров – Фунакоши Гичин (Скопје)

Кумите – жени

Ера Коџа – Дибра (Дебар)
Јована Мицовска – Макпетрол (Скопје)
Сара Дука – Дибра (Дебар)

Кумите – мажи

Љупче Михајлов – Штип (Штип)
Реџеп Рушити – Куштрими (Скопје)
Данило Божовиќ – Макпетрол (Скопје)


  • НАЈУСПЕШНИ ЈУНИОРИ

Ката – јуниорки

Блерина Зендели – Ускана (Кичево)
Паула Игевска – Гладијатор (Велес)
Дхурата Мемети – Форца (Скопје)

Ката – јуниори

Кристијан Главинов – Маверик (Скопје)
Андреј Мишков – Армор (Гевгелија)
Сафир Асани – Шогун (Скопје)

Кумите – јуниорки

Драгана Евтимовска – Штип (Штип)
Илијана Серафимова – Кизаме (Скопје)
Метие Алиу – Шогун (Скопје)

Кумите – јуниори

Цветан Маргаритов – Ботони (Скопје)
Андреј Стојчевски – Кизаме (Скопје)
Аид Авдиу – Ринија (Матејче)


  • НАЈУСПЕШНИ КАДЕТИ

Ката – кадетки

Драгана Николова – Тиквеш (Кавадарци)
Дори Пауновска – Басај (Тетово)
Цвете Миланоска – Бонсаи (Прилеп)

Ката – кадети

Маттео Ѓоргиев – Гладијатор (Велес)
Верон Дервиши – Ускана (Кичево)
Никита Лековски – Маверик (Скопје)

Кумите – кадетки

Душица Бреслиева – Штип (Штип)
Буна Села – Дибра (Дебар)
Ерјона Емини – Шкендија (Тетово)

Кумите – кадети

Иса Елмази – Фати (Тетово)
Марко Џорлев – Штип (Штип)
Џем Пашов – Штип (Штип)

Карате федерацијата на Македонија упатува искрени честитки до сите наградени клубови, тренери и спортисти за нивниот труд, дисциплина и врвни резултати, со желба за уште поголеми успеси и меѓународни достигнувања во иднина.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пројковска на центарот во Радовиш, Јовановски ќе им суди на Саса и Новаци, Ѓоргиев оди во Струмица

Со седум натпревари в сабота ќе се отвори 21. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори в недела со еден...

Младински фудбалФудбал

Кадетите на Вардар подобри во дербито против Работнички

Во дербито од 20. коло во Кадетската Супер лига, Вардар го совлада Работнички со 4:1 и го преземаа водството на табелата во оваа...

Поврзани написи
Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

Останато

Македонија го доби првиот параолимпиец на ЗОИ во Милано и Кортина

Зоран Јовановски испиша нова страница во историјата на македонскиот спорт, станувајќи првиот...

Останато

Нов пехар за Марко Алексовски – триумф во двојки на турнир во Лариса

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски продолжува со одличните настапи и стигна до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!