Турнири

Даниел Инженеринг во големото финале против Црна Река, Вистони ЖП против Фурна Марфи за трето место!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во големото финале на Шестоноемвриски турнир во мал фудбал во Радовиш за парична награда од 150.000 денари ќе се соочат Даниел Инженеринг и екипата на Црна Река од Кавадарци.

Во првиот полуфинален меч како што веќе објави Спортска Мрежа екипата на Црна Река преку пенали славеше над Фурна Марфи, откако во регуларниот дел беше 2:2.

Во вториот полуфинален меч тимот на Даниел Инженеринг со 5:3 славеше над Вистони ЖП и закажа финале против Црна Река.

Официјалниот дел од утрешното финале започнува во 19 часот, од 19:05 до 19:20 часот на програмата ќе биде настапот на ФА Злеовски Бисер, потоа ќе следува доделување плакети, благодарници, поклони и признанија на поддржувачите на турнирот од 19:20 до 19:35 часот.

Од 19:35 до 19:45 часот ќе следува настап на Ванчо Тарабунов, а од 19:45 до 19:50 часот уште еден настап на ФА Злеовски Бисер.

Во 19:50 часот ќе се обрати градоначалникот, а потоа ќе следува отварење на натпреварот за трето место и големото финале со химната на Република Македонија и спуштање на знамето на општина Радовиш од страна на Аплинистичкиот клуб Плоча, а со тоа ќе биде означен стартот на натпреварувачкиот дел.

Првопласираниот тим ќе освои парична награда од 150.000 денари, за екипата која ќе биде втора ќе следува парична награда од 80.000 денари, третопласираниот тим ќе добие 40.000 денари, а пак за екипата која ќе заврши на четвртото место парична награда од 20.000 денари.

  • ПЕНАЛ СЕРИЈА: ЦРНА РЕКА – ФУРНА МАРФИ:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“...

Турнири

Џокер Фурна загуби од Клик Гевгелија на „Стојаково 2025“, Јанг Бојс кај јуниорите со висока победа!

Синоќа беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“,...

Турнири

Баламов Компани пресилен, реми на Џокер Фурка и Десива Транспорт на „Стојаково 2025“

Вечерва турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ понуди неверојатни натпревари во сениорска...

Турнири

ФОТО: Радовишани вечерва пресилни на „Стојаково 2025“, многу погодоци кај јуниорите!

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!