Прва лигаФудбал

Башкими го претстави Никел Роналдо Ор од Тринидад и Тобаго

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

Фудбалскиот клуб Башкими 1947 официјално го промовираше Никел Роналдо Ор како најново засилување за продолжението од сезоната во Првата лига. Станува збор за 24-годишен офанзивец од Тринидад и Тобаго, кој најчесто настапува на левата крилна позиција.

Ор во Куманово пристигнува од редовите на кипарскиот ПАЕК, а во клубот го опишуваат како модерен фудбалер со изразен фудбалски интелект, добра физичка подготвеност и брзина, квалитети со кои треба да донесе дополнителна енергија и стабилност во офанзивната линија на тимот.

Раководството на Башкими верува дека новото засилување брзо ќе се вклопи во клупската филозофија и ќе даде значаен придонес во остварувањето на целите во пролетниот дел од сезоната. Трансферот, воедно, е уште една потврда за амбициите на клубот да гради цврста и конкурентна екипа со јасен идентитет.

Башкими моментално e на подготовки во Хрватска, а пролетниот дел од шампионатот ќе го отвори со гостување кај Силекс во Кратово, натпревар на кој новиот фудбалер би можел да го има своето деби во дресот на кумановскиот прволигаш.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!