Прва лигаФудбал

ФОТО: Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ ги посети македонските клубови на подготовките во Анталија

Сподели
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, деновиве престојуваше во турската Анталија, каде што дел од македонските прволигаши ги одработуваат зимските подготовки пред стартот на пролетниот дел од шампионатот.

Во рамки на посетата, Омерагиќ оствари средби со раководните структури на Пелистер, Струга Трим Лум, Тиквеш, Силекс, Вардар и Шкендија, при што разговараше за текот на подготовките и очекувањата од продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Првиот човек на ФФМ ја истакна важноста на добрата подготвеност и изрази оптимизам дека љубителите на фудбалот ги очекува возбудлива пролет со многу квалитетни и неизвесни натпревари, особено во завршницата од првенството. Потсетуваме, вториот дел од сезоната во Првата лига стартува на 7 февруари.

„Остварив посета и се сретнав со претставници на нашите клубови кои своите подготовки за продолжението на Прва МФЛ ги реализираат во Анталија. Им посакувам успешни подготовки, исполнување на зацртаните цели и во вториот дел од сезоната да гледаме неизвесен и квалитетен фудбал, каков што го заслужуваат клубовите и навивачите“, напиша првиот човек на ФФМ, Масар Омераргиќ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!